Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црквата во Украина доби автокефалност -за Москва тоа е обид за раскол

0
By Нова ТВ on October 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 12, 2018 14:49

Цариградската партијаршија вчера објави дека го почна процесот за давање на независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква, со укинување на одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија, со што Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

– Тоа е пад на третиот Рим, рече украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

По одлуката на Цариградската патријаршија денеска реагираше и Кремљ, истакнувајќи дека политички и дипломатски ќе ги брани Русите и луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина од каква било илегална активност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е многу загрижен поради обидот за раскол во православната црква.

– Ние сме запознаени со реакцијата на Руската православна црква на вчера донесената одлука од страна на Константинопол (седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул). Повеќе пати кажавме дека сме многу загрижени поради плановите за преземање на чекори кои би можеле да го поделат христијанскиот православен свет, наведе Песков.

Тој додаде дека „руските секуларни власти не можат да се мешаат во меѓуцрквениот дијалог, никогаш не го правеле тоа и нема да го прават во иднина“.

Цариградската патријаршија по вчерашната редовна седница на Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Вселенската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил по одлуката изјави дека тоа е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.

– Во досегашната историја нема ниту еден преседан Вселенската патријаршија така отворено и категорично да се меша во прашањата на друга православна црква, истакна портпаролот на патријархот Кирил, Александар Волков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.