Published: Sunday, July 2, 2017 15:11
Еден од челниците на Демократскиот фронт на Црна Гора Небојша Медојевиќ со партиските колеги веќе 4 ден е во Парламентот и не го напушта откако му е укинат пратеничкиот имунитет, тој се затвори во просториите на црногорското Собрание.
Тој денеска изјави дека добива се поголема поддршка и дека нема намера да се откаже и дека ќе оди до крај. Смета дека граѓаните сфаќаат дека не се работи за партии и функционери туку за фундаменталното прашање на слобода и дека затоа добива се поголема поддршка.
Пратеникот од истата партија Славен Радуновиќ изјави дека се подготвени да „одат до крај“ и дека работите се движат во насока во која тие посакуваат, а не партијата на власт ДПС.




