Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковска за НоваТВ: Ниту еден судија не може да носи пресуди без цврсти докази, ЕУ и ОБСЕ и сега вршат мониторинг

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 13, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претпоставувам дека кога политичарите зборуваат за мониторинг мислат на нешто необврзувачко за нашите судови. Оттаму, не очекувам евентуалното барање од наша страна да испрати лош сигнал во Европската Унија, затоа што тие се постојано присутни во процесот на спроведување реформи во судството и нивната финансиска помош само ги потврдува очекувањата кои ги имаат од
нас, вели Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет за Нова ТВ по објаснувањето што го даде министерот за правда, Бојан Маричиќ во врска со барањето на политичката партија Алтернатива за меѓународна истрага на судските процеси со сомнежи за наводни политички влијанија, дека во случајов станува збор за мониторинг од страна на европски експерти, а не за мешање во исходот на судските пресуди.

Станува збор за судските случаи  „Монструм“, „Диво Насеље“, „Алфа“ и „Алмир Алиу“

Наскоро се очекува  Владата преку писмо да побара од Европската комисија, мониторинг, но тоа нема да се случи, како што објасни министерот, се додека не се направат консултации со ЕК за формата во која би бил евентуалниот мониторинг на судските предмети.

Владата, како што појасни министерот, нема механизам, ниту волја да се меша во овие судски процеси, за кои веќе има пресуди. Но, она што поттикна реакции пред се од правната фела е прашањето дали воопшто е можно од законски аспект да се спроведе меѓународна истрага на предмети кои имаат судска завршница, настрана што судскиот предмет „Монструм” беше еднаш вратен на повторно одлучување?

– Во последните јавни настапи на владините преставници беше нагласено дека
тоа би бил експертски тим за мониторинг на одредени судски случаи.
Дополнително, тиe укажуваат дека мониторингот на тој тим нема да има
влијание врз судските одлуки за тие предмети. Оттаму, во оваа фаза, со
оглед дека немаме целосни информации каков би бил тој тим епскерти и со
какви надлежности, не можеме ништо повеќе да детализираме, освен уште
еднаш да се повикаме на ставот на Судскиот совет, дека во нашите закони
е дефинирано под кои околности може да дојде до повторување на одредена
судска постапка, како и тоа кои судови се надлежни за потврдување или
укинување на некоја пресуда – вели Црвенковска. 


Но, каква порака ќе биде испратена за македонското судство доколку
навистина се случи Владата да испрати официјално барање до Европската
комисија, во кое ќе побара тим од независни експерти да извршат
меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив
било вршено „политичко влијание” ?

– Ако ја погледнеме фактичката состојба ние и сега имаме одредени судски
постапки кои се под мониторинг на Европската Унија, или ОБСЕ, или пак
под лупа на домашни граѓански организации. И претходно сме имале вакво
искуство кога набљудувачите на судските процеси подготвувале извештаи за
текот и начинот на кој се спроведува одредена постапка, но тие извештаи
никогаш не го обврзувале судството при носењето пресуди. Претпоставувам
дека кога политичарите зборуваат за мониторинг мислат на нешто
необврзувачко за нашите судови. Оттаму, не очекувам евентуалното барање
од наша страна да испрати лош сигнал во Европската Унија, затоа што тие
се постојано присутни во процесот на спроведување реформи во судството и
нивната финансиска помош само ги потврдува очекувањата кои ги имаат од
нас – објаснува претседателката на Судскиот совет.

Во случајов, останува отворено и прашањето дека ако се реализира барањето на Алтернатива ќе се стави дополнителен терет на македонското
судство, без било какви докази дека е поддлежно на политички влијанија,
настрана што во случајов еден политички договор диктира мешање во
судските работи?

– За да оцениме дали некој со нешто му става товар на судството мораме да
ги знаеме формата и содржината, пред се да видиме дали воопшто ќе се
побара некаква експертиза, во каква форма ќе биде, со што ќе смее да се
занимава таквиот тим, каква улога ќе има и на крајот, со каков документ
ќе излезе во јавноста. Овие, но и други детали се суштински за да можеме
поексплицитно да толкуваме. Ова што сега го имаме, односно информациите
од медиумите дека коалициски партнери договориле комисија за мониторинг,
не е причина за товар, како ќе биде во иднина ќе видиме. Што се однесува
до политички влијанија или судења без докази, ќе напоменам дека ниту
еден судија, во сите инстанци на судскиот систем, не може да носи
осудителна пресуда ако нема цврсти докази, особено во големите предмети,
кои беа споменувани деновиве во јавноста, а се под постојан мониторинг и
на граѓаните и на меѓународните и домашните организации – смета Црвенковска.

Стојанка Митреска

истраги мониторинг Павлина Црвенковска претседателка Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.