Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Активни пожари во Скопско, Струмичко, Кумановско, Охридско, Битолско и Штипско

0
By Sashko on August 3, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека, според податоците до 18 часот, на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, во струмичкиот, во кумановскиот, во охридскиот, во битолскиот и во штипскиот регион.

Пожарот кај село Градманци во скопско е активен. На лице место има четири екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од Општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртот кон село Долно Коњари. Известени се надлежните од општините Петровец и од Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, информираа од ЦУК.

Во Струмичкиот регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на 1 август кај местото викано Погана и кој зафати површина од 200 хектари нискостеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен) сè уште е активен.

– Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветaр, повторни се засили и се движи во правец на Фурка. Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 хектари нискостеблеста шума (прнар, габер, даб и др.) На терен се ангажирани екипа на ТППЕ-Валандово со две ПП возила и шест пожарникари, шумско стопанство со 20 вработени, ПО ДЗС-Валандово со тројца припадници, на помош ТППЕ-Гевгелија со едно ПП возило и тројца пожарникари, ТППЕ-Струмица со едно ПП возило и тројца пожарникари и ТППЕ-Неготино со едно ПП возило и тројца пожарникари, посочија од ЦУК.

Пожарот над депонијата во струмичко Ново Село кон село Самоилово е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со три ПП Возила и девет пожарникари.

– Пожар на отворен простор до хотел Фламинго и гранична линија со Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорени се над 20 хектари. Силниот ветар претставува опасност за хотелот „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“, а во правец кон граничната линија со Грција има опасност за караулата на АРМ и Граничен премин „Богородица“. Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија со две противпожарни возила, 12 пажарникари, едно возило со двајца пожарникари од Д.Капија, ШС Кожув со пет вработени, група граѓани од нм „Богородица“ и Гевгелија, МВР, приватни компании, два багера на приватни компании и една цистерна за вода, информираа од ЦУК.

Во Кумановскиот регион активен пожар во село Бељаковце, маало Ѓуринска маала, кон селата Јачинце и Довезенце каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

Активен пожар има и во кумановското село Пезово, маало Ресанци, и екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

– Во општина Старо Нагоричани има активен пожар во село Дренок кој се спушта кон Отошница, општина Ранковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Постои опасност од опожарување на куќа. Во гаснење се вклучени мештани и припадници на ППЗ единица, наведуваат од ЦУК.

Пожарот на територијата од атарите на селата Арбанашко, Рамно и Кокино, како што соопштија од ЦУК, е локализиран, односно е ставен под конртола. Со оглед на тоа што на терен моментално се ангажирани 27 припадници на ДЗС како и доволен број на пожарникари и дека пола од припадниците на АРМ можат да се повлечат, односно да се ослободат од ангажман во овој реон.

Во моментот ТППЕ Ранковце е на интервенција на гаснење пожар во селата Радибуш и Отошница.

Пожарот од село Дренак кој е на територија на Општина Старо Нагоричане се префрлил на територија на Општина Кратово во село Страцин, маала Ќошарци. Известена е ТППЕ – Куманово.

Во Охридскиот регион, пожарот во околината на село Девич-Македонски Брод е локализиран и ставен под контрола. На терен се наоѓаат двајца пожарникари и пет жители од месното население.

Во Битолскиот регион пожарот во атарот на селата Канатларци и Подмол е сè уште активен и екипа од ТППЕ Прилеп од едно противпожарно возило и едно теренско возило, како и седум пожарникари сè уште се наоѓаат на местото на пожарот.

– На пожарот во атарот на село Топлица интервенираат едно теренско возило и четворица пожарникари. Пожарот на запалена шума во атарот на село Топлица е сè уште активен. Поради силниот ветaр, пожарот зема силен замав и се проширува. Се работи за голем пожар каде гори деградирана шума и бор, како и сува трева во нивите. Од Црн Бор на лице место има пет работници. Известени се ДЗС Прилеп и инспектор по пожари, наведоа од ЦУК.

Во Штипскиот регион пожарот што избувна на местото викано Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, сè уште е активен. Интервенираат екипа на ШС Равна Река со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со две теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со едно возило и четворица пожарникари, ДЗС со едно теренско возило со цистерна и тројца вработени и неколку луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста шума и дува ветер кои го прават нестабилен и доаѓа до негово ширење, а се работи и за тешко пристапен терен. Гори дабова и борова шума,нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

– Вчерашниот пожар во атарот на село Нов Истевник маало Пасјак кој е сè уште активен и зафатена е површина од околу 55 хектари, борова шума и нискостеблести растенија. Екипи за гасење на пожар се излезени на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадници на АРМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 12 пожарникари и две цистерни и едно теренско возило лада нива, еден припадник на гранична полиција со едно теренско возило „Ландровер“, ТППЕ од М.Каменица со едно специјализирано ПП возило и тројца пожарникари и ЈПКД „Брегалница“ со осум вработени. Пожарот е сè уште активен и се шири во правец на маалото Пасјак. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните шумски стопанства, информираа од ЦУК.

На потегот Костин дол – Ново Село сè уште е активен пожарот. Во 06:55 часот хеликоптер на АРМ се упати на местото на пожарот. Од АРМ со возила и МТС на терен има 80 војници. Од шумско стопанство „Осогово“ од Кочани има на терен Лада нива со пет луѓе, УАЗ џип со шест луѓе и противпожарен џип со пет луѓе од шумско стопанство Радовиш.

Извештај Македонија пожари ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.