Во Центарот за управување со кризи досега има околу 500 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион.
Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила….
Од ЦУК информираат дека по последните два последователни земјотреса регистрирани вчера, освен привремени прекини на снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на градот, не се пријавени позначителни штети.
Согласно препораките од Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и претставници од скопските општини на терен вршат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети.




