Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цвета шверцот на затворената граница

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авторки: Светлана Јовановска и Менче Атанасова Точи

Балканската бегалска рута е затворена, но само официјално.

Неофицијално, секој ден по 100 до 150 бегалци од Идомени илегално влегуваат во Македонија. Тие наоѓаат начин како да влезат во Македонија и да го продолжат патот пеш кон Европа. Но, македонската полиција ги враќа назад. Меѓу нив има жени, деца, инвалиди, стари, изнемоштени и болни луѓе, потврдуваат за НОВА од невладините организации кои работат на терен.

Елоди Лемал, координатор на Високиот комесаријат за бегалци (ВКБ), за белгиските медиуми вели дека е јасно дека луѓето се обидуваат, а некои и успеваат, да влезат во Македонија. „Тоа го забележавме бидејќи има луѓе кои македонската полиција ги враќа назад. Овој феномен во наредните денови ќе расте и нивото на фрустрација кај луѓето е во пораст“ вели Лемал.

И од ВКБ потврдуваат дека секој ден околу стотина луѓе нелегално успеваат влезат во Македонија. И во оваа ситуација џебовите си ги полнат шверцерите кои наплатуваат 2 000 до 3 000 евра за пат од Грција до Германија. Овие луѓе оперираат во кампот во Идомени каде се уште има над 10,000 бегалци и грчката полиција не успева да го спречи овој црн пазар.

За ВКБ ситуацијата се враќа на истата состојба како на почетокот на бегалската криза со тоа што овој пат бегалците се изложени на поголема опасност поради тоа што нелегално ги преминуваат границите. Невладините организации очекуваат дека овој црн пазар ќе се зголемува во наредните недели и месеци. Бегалците се заглавени во Идомени но, и тие во Македонија немаат намера да се вратат назад во Турција или во нивните земји.

Според нивните сведочења не станува збор за враќање назад бидејќи многу од нив вложиле се што имале за да одат во Европа па сега, на половина пат, немаат намера да се откажуваат од целта.

Во Македонија во моментот има околу 750 бегалци, нивниот број е преполовен за кратко време. Според невладините организации секојдневно исчезнуваат бегалци кои илегално влегуваат во Грција или Србија од каде се надеваат дека ќе го продолжат патот кон земјите од ЕУ, поминувајќи илегално во секоја од нив.

Во Македонија,ограничена им е слободата на движење на тие што се наоѓаат во камповите во Табановце и во Гевгелија бидејќи не смеат да излезат од камповите.

балканска рута бегалска криза Идомени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.