Српскиот новинар Стефан Цветковиќ, кој беше пријвен за исчезнат, во полиција изјавил дека го „киднапирале непознати лица, кои не ги видел, зашто имале фантомки и сакале да го префрлат во Романија“ Анализата на неговиот часовник пронајден до напуштеното возило не покажала ДНК на други лица, а според досегашните анализи не биле пронајдени сомнителни траги ниту во автомобилот, објавија дел од српските медиуми. Цветковиќ беше пронајден по 30 часовна полициска потрага во куќа, во близина на неговиот дом.
Полицијата пресретнала и неколку телефонски разговори на новинарот во кои тој вели дека не му се случило ништо и дека е жив и здрав.
„Тој тврди дека бил следен затоа што имал сознанија кој се поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ, и дека затоа го киднапирале луѓе кои биле вмешани во тоа“ пренесуваат српките медиуми.
Цветковиќ пред десет дена бил во Приштина во друштво на познат бизнисмен од источна Србија.Со него најмногу комуницирал непосредно пред мистериозното исчезнување, директно и преку пораки .Разговори имал и со други лица од Приштина и со непознати лица од Македонија.
Српскиот министер за внатрешни работи Стефановиќ кажа дека во наредните два дена ќе се знае што точно се случило со Цветковиќ.




