Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цветковски негира вина: Случајот е на суд, договорот не е исплатен

0
By Нова ТВ on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на МРТВ Марјан Цветковски денеска преку соопштение до медумите негира дека е одговорен за злоупотреба на службената положба и овластувања, за што му е поднесена кривична пријава, која се однесува на склучен договор со фирмата „Аналитика“ за електронско мерење на ТВ аудиториум со пиплметри на територијата на Македонија во 2016 година.

– Сакам да истакнам дека немам никаква кривична вина, ниту пак кривична одговорност за ситуациите кои се посочени и смирено и подготвен со аргументи и факти ја очекувам постапката во која сум убеден дека ќе се потврди она што го истакнувам, а тоа е дека во рамките на мојот мандат во МРТВ се работело и ќе се работи согласно законот, нагласува тој.

Цветковски додава дека МРТ е сериозен и гломазен систем каде во секоја постапка учествуваат голем број служби. Вели дека споменатиот договор има судски спор и не е исплатен во целост.

Освен за директорот на МРТВ кривичната пријава се однесува и за Г.С (56) кој бил застапник на фирмата „Аналитика“.

Од МВР појаснуваат дека директорот и покрај укажувањата од Комисијата за јавни набавки на МРТ дека треба да се прифати намалената единечна месечна цена од 87.637,50 денари што ја понудила „Аналитика“ наместо почетната единечна месечна цена од 175.000 денари, сепак склучил спогодба за јавна набавка на услуги со вкупна вредност од 2.100.000 денари без пресметан ДДВ, односно 175.000 денари единечна месечна цена без пресметан ДДВ.

– М.Ц и Г.С. на 29.07.2016 година склучиле „Рамковна спогодба за јавна набавка на услуги“ со вкупна вредност на истата од 2.100.000 денари без пресметан ДДВ односно 175.000 денари единечна месечна цена без пресметан ДДВ, иако знаеле дека согласно последната постигната аукциска цена спогодбата требало да биде склучена на износ од 1.051.650 денари без пресметан ДДВ за 12 месеци или 87.637,50 денари единечна месечна цена без пресметан ДДВ, се вели во соопштението на МВР.

Со тоа двајцата го оштетиле буџетот на МРТ во вкупен износ од 1.237.053 денари со пресметан ДДВ, а од друга страна прибавиле противправна имотна корист за „Аналитика“ во износ од 1.048.350 денари.

Аналитика Кривична пријава Марјан Цветковски МРТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.