Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тунберг во ОН: Им одржа лекција на светските лидери-доби навреди и омаловажувања

0
By Нова ТВ on September 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2019 10:09

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, една од најгласните борци против климатските промени  синоќа во Обединети нации им одржа лекција на светските лидери.

Како една од говорниците на специјалниот Самит за климата, на кој беа поканети само оние држави кои имаат план за намалување на емисијата на штетни гасови, таа им пораќа на светските лидери дека доколку одлучат да ги изневерат младите генерации, тие никогаш нема да им простат.

– Ова е погрешно. Не треба да стојам овде. Треба да се вратам во училиште, на другата страна од океанот. Ги украдовте моите соништа и моето детство со вашите празни зборови. А сепак, јас сум една од среќните. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Целиот екосистем се распаѓа. Ние сме на почетокот на масовно истребување. И сè за што можете да разговарате се пари и бајки за вечен економски раст. Како се осмелувате!, порача Тунберг во емотивното обраќање.

– Повеќе од 30 години науката е кристално чиста. Колку се осмелувате да го вртите погледот настрана и да дојдете овде велејќи дека работите доволно, кога политиката и потребните решенија сè уште ги нема на повидок. Велите дека нè „слушате“ и дека ја разбирате итноста. Но, без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа. Затоа што ако ја разбравте целосно ситуацијата и сè уште продолжувавте да преземете активноси, тогаш сте злобни. И јас одбивам да верувам во тоа, рече Тунберг со растрепен глас.

Таа потсети на доколку се намалат емисиите на стакленички гасови за половина во следните 10 години, тогаш човештвото би имало 50 отсто шанси да остане под 1,5 Целзиусови степени, но ризик од неповратен синџир на реакции, кој луѓето нема да можат да го контролираат.

– Можеби 50 отсто шанси е прифатливо за вас. Но, тие бројки не вклучуваат точки на пресврт, како што е  дополнително затоплување скриено зад токсичното загадување на воздухот или аспектите на правдата и правичноста. Тие исто така се потпираат на тоа дека мојата и генерацијата на моите деца ќе вшмукаат стотици милијарди тони од вашиот СО2 од воздухот со технологии кои едвај постојат. Значи, ризикот од 50 отсто едноставно не е прифатлив за нас – ние кои треба да живееме со последиците, потенцираше Тунберг.

– Како се осмелувате да се преправате дека ова може да се реши со вообичаени деловни активности и со некои технички решенија. Со денешните нивоа на емисии, преостанатиот буџет на СО2 целосно ќе го снема за помалку од осум и пол години. Нема да има решенија или планови презентирани во согласност со овие бројки денеска. Бидејќи овие бројки се премногу непријатни. И, сè уште не сте доволно зрели да ги именувате нештата какви што се, оцени младата активистка.

– Вие нè изневерувате. Но, младите почнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. И ако изберете да нè изневерите, ви кажувам – никогаш нема да ви простиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете од ова. Токму тука, токму сега ја повлекуваме линијата. Светот се буди. И промената доаѓа, без разлика дали ви се допаѓа или не, истакна Тунберг на Самитот на ОН за климатските промени.

Фокс њуз: Тунберг е ментално болно дете, лик од хорор филм

По нејзиниот говор во ОН, Тунберг се соочи со лавина критики и навреди и на социјалните мрежи, но и на медиумите. Во навредите предводеше американската телевизија „Фокс њуз”, блиска до републиканците од чии редови е и Трамп, која ја нарече шведската активистка „ментално болно шведско дете” додека водителка на телевизијата ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”.

Во својата емисија синоќа на „Фокс њуз” Лора Инграм ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.

-Дали вас ова не ви предизвикува морници, запраша Инграм покажувајќи сцена од филмот. Таа порача авторот „следното продолжение на филмот да го нарече Деца од климата”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.