Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески на конференција во Шибеник: Поведението на судијата мора да ја реафирмира вербата на граѓаните во судството

0
By НОВА ТВ Balaban on May 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 23, 2022 15:52

Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупцијата и е од големо значење за вршењето на судиската функција, особено заради тоа што поведението на судијата мора да ја реафирмира вербата на  граѓаните во судството, рече министерот за правда, Никола Тупанчески, на регионалната конференција која се одржува во Шибеник, Хрватска на тема ,,Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки”, информираа од Министерството за правда.

Тупанчески ја поздрави иницијативата за организирање на форуми за вакви теми кои се од големо значење за борбата против корупцијата.

Тој се осврна и на значењето на културата на интегритет, проценка на ризиците од корупција, заштита на укажувачите и управувањето со квалитет како нови алатки и стандарди во борбата против корупцијата кои истовремено претставуваат надградба на постојните конвенционални форми и механизми во оваа област. 

Присутните на конференцијата беа информирани и за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на законодавната агенда како и имплементацијата на стратешките документи кои се од голема важност за спречување на корупцијата и воспоставување институционален интегритет кој овозможува да се елиминираат можностите за појава на различни форми на корупција и неетичко однесување во јавниот сектор.Министерот Тупанчески присуствуваше на конференцијата на покана на министерот за правда и јавна администрација на Република Хрватска, Иван Маленица  на која  учествуваа и министри за правда од регионот на Западен Балкан, како и претставници на регионални и меѓународни организации и здруженија кои се вклучени во борбата против корупцијата.

 

Никола Тупанчески Шибеник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.