Никој не знае сега што ќе се случи. Колективната имагинација оди кон темни места, пишува Њујорк Тајмс во нивната анализа за финансиските реперкусии по заминувањето на Британија од Европската унија.
Светската мапа е прецртана со правилата на трговијата низ Европа, најголемиот пазар на светот. Гласањето на Британија да ја напушти Европската унија постави непредвидлив процес без преседан кој се заканува со турбуленција и потенцијална криза – за Британија, за Европа и за светската економија.
Првите последици веќе се забележуваат – гласањето во Британија ги прати светските пазари на диво паѓање. Инвеститорите зачудени од ова огромно редизајнирање на светскиот пејсаж, решија дека изгледа опасно, или барем полно со несигурност, па затоа преферираат да ги извлечар своите пари од ризичните берзи.
Неколку експерти очекуваат дека излегувањето на Британија ќе создаде финансиска криза слична по онаа на колапсот на банкарскиот џин „Lehman Brothers“ во 2008-та година.
Но никој не може ниту да го исклучи тоа. Светот никогаш не бил овде претходно.
Британската фунта падна за 10 проценти, стигнувајќи нови нивоа кои не се видени од 1985 година – со вредноста која е под нивото на најлошата состојба во 2008 година. Еврото се спушти за речиси четири проценти.
Пазарите низ Азија исто така паднаа, со големата јапонска валута јени која падна осум проценти. Како што пазарите се отворија во Европа, тековите се забрзаа. Берзите во Лондон инстантно се спуштија 16 проценти, акциите во Франкфурт паднаа 10 проценти, а размената во Париз се спушти 8 проценти.
Помалку од час откако пазарите отворија во Лондон, гувернерот на Банката на Англија, стоеше пред телевизиските камери за да објави дека централната банка ќе намени 250 билиони фунти, за да ги ослободи доколку се потребни за стабилноста.
Што и да се случи, долгиот збунувачки период кој сега започнува, ќе ја фрли Европа во акутна анксиозност, откако се чинеше дека конечно се опоравува од економско дно, кое следеше по кризите во Грција и Шпанија.
Кина, втората најголема економија по САД се забавува значајно, а пазарите имаат малку верба во информациите кои ги дава Комунистичката партија. Бразил, која беше омилена меѓу растечките економии, е во целосна криза.
На растечките економии ќе им биде тешко да обезбедат стабилни инвестиции, лимитирајќи го економскиот развој. Заемите најверојатно ќе растат во веќе длабоко задолжените земји, вклучувајќи ја Грција, Италија и Португалија.
Брегзит дава јасен знак дека големите демократии се неверојатно ранливи под влијание на популистичките политички движења кои обожаваат да ги демонизираат имигрантите и надворешните сили.




