Денеска во Турција започна судењето на турскиот проповедник и политичар и најголем ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Фетулах Ѓулен. Судењето е во Истанбул и претставува дел од острите мерки против движењето на Ѓулен, кои Владата ги опишува како борба против “паралелната држава“.
Ѓулен (74) му беше сојузник на Ердоган кога неговата Партија на правдата и развојот дојде на власт во 2002 година.
Ердоган денес смета дека тој ја за дестабилизира државата изнесувајќи обвиненија за корупција на блиски соработници на актуелниот претседател, меѓу кои и неговиот син Билал во декември 2013 година.
На Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, во САД ќе му се суди во отсуство.
Обвинителството бара доживотен затвор за Ѓулен и за двајца поранешни шефови на полицијата.
Останатите 66 осомничени во случајот, од кои повеќето полициски офицери се обвинети дека членувале во вооружена групација и тие можат да се соочат со казна затвор во траење од седум до 33 години.




