Турција дополнително распореди војници и воена опрема на некои гранични места со Сирија во време кога се водат интензивни борби околу градот Алепо. Сепак според премиерот Ахмет Давутоглу, тие засега немаат намера да се вмешаат во борбите и се работи за превентивна мерка.
– Ако настане ситуација која ќе ја загрозува безбедноста на Турција, ќе бидат издадени наредби за дејствување на војската, но никој не смее да очекува дека ќе влеземе во Сирија во блиска иднина, изјави Давутоглу за ТВ Канал 7.
Амбасадорот на САД во Турција, Џон Бас, вели, и Соединетите Американски Држави и Турција се загрижени за присуството на екстремисти во северниот дел на Сирија.
Сириските бунтовници, според британска агенција, се предводени од исламистички групи, а започнале голема офанзива во Алепо како би го заземале целиот град.
Во моментов во Турција има речиси 2 милиони бегалци од Сирија.




