Published: Friday, July 31, 2015 11:43
Турција решила привремено да ги прекине преговорите со Русија за проектот „Турски тек“, пренесува руската агенција ТАСС.
Притоа се наведува дека имало голем број прашања за кои не постоел консензус меѓу Турција и Русија.
Од друга страна, руски експерти сметаат дека додека не се финализира процесот на формирање нова влада во Турција, Москва тешко може да очекува потпишување на договор.
Почетокот на изградбата се планираше за минатиот месец, а стартувањето со работа од крајот на 2016 година.




