Published: Sunday, December 7, 2014 14:24
Турција забрани влез во државата на повеќе од 7.000 осомничени странски џихадисти кои сакаат да заминат во Ирак и Сирија, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Чавушоглу го обелодени тоа на конференција на ОБСЕ во Базел дека Турција на листата за забрана за влез ставила 7.200 имиња.
Тој истакнал дека и покрај напорите на Турција да ги затвори границите за милитантите од Исламска држава, тие продолжуваат да наоѓаат илегални премини во земјата.
Според Чавушоглу од 2011 година Турција депортирала повеќе од илјада осомничени странски терористи , но дека некои од нив повторно завршувале на нивната граница.




