На само неколку дена пред изборите во Турција закажани за 1 ноември, турската полиција денес влезе и ја прекина програмата на две телевизии блиски до опозицијата и ги отпушти уредниците.
Пред камерите полицијата рано наутро влезе во истамбулското седиште на двете ТВ БегунТВ и Каналтурк блиски до имамот Фетула Ѓулен, човекот кој е прогласен за «непријател бр 1» на претседателот Ердоган откако во 2013 година избувна корупциски скандал за луѓето блиски до Ердоган.
Полицијата беше наоружана со солзавец и водени топови и ја пробија барикадата на вработените во телевизиите пред зградата. Потоа во двете телевизии беа поставени нови луѓе да ја водат работата во телевизиите.
Рано попладне на екраните се појави уредникот на БегунТВ Тарик Торос велејќи дека повеќе ќе нема програма. Потоа полицијата го изведе Торос од студиото и му беше врачен отказ.
Цел ден имаше инциденти пред зградата помеѓу демонстрантите, пратеници на опозицијата и полицијата. Повеќе лица беа уапсени а еден фотограф на агенцијата АФП беше удрен во лице и навредуван.
ЕУ денес во Брисел изрази голема загриженост поради интервенцијата на полицијата и повика на почитување на слободата на изразувањето.




