Турската полиција приведе над 400 луѓе кои учествуваа на денешните собири по повод Први мај по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот плоштад Таксим во градот, но беа блокирани и турнати назад од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидуваа да ги пробијат барикадите, објавиja светските медиуми.Во Анкара и во другите големи турски градови денеска мирно протестирале илјадници луѓе. Таму масовните собири не се забранети.
Во Турција прославите на Меѓународниот ден на трудот служат како платформа не само за борбата за права на работниците туку и за пошироки повици за поддршка на демократските вредности, бидејќи демонстрантите планираа да протестираат и поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу, пренесува Асошиејтед прес.