Published: Friday, October 16, 2015 13:27
Турски воен авион денеска уништи дрон кој влегол во воздушниот простор на Турција во близина на границата со Сирија.
– Денеска, воздушно летало од непозната земја беше забележано во нашиот воздушен простор на границата со Сирија. И покрај тоа што три пати беше предупредено, го продолжи движењето, по што наш авион го сруши леталото, изјави претставник на турскиот Генералштаб.
Оттаму велат само ги извршуваат задачите според меѓународните правила.
Дронови употребуваат и Русија и Сирија во нивната координирана мисија во борбата против џихадистите на ИСИС.
Ова е трет неидентификуван летачки објект кој се најде на турскиот воздушен простор изминатиов период.




