Published: Tuesday, December 25, 2018 18:22
Турски воени авиони повторно го нарушиле грчкиот воздушен простор со летање над островите Кастелоризо, Ро и Стронгили, јави „Катимерини“.
Формација од два турски Ф-16 денеска во 15 часот и 4 минути влезе во атинската зона за летови, леташе над островите Кастелоризо и Стронгили, и ја напушти областа.
Три минути подоцна, два турски Ф-16 прелетале над островот Ро, јави „Катимерини“.




