Турскиот министер за економија Нихат Зајбекчи, кој требаше да присуствува на собири по повод годишнината од неуспешниот обид за преврат во Турција што ќе се одржат во Австрија, доби забрана за влез во земјата, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.
– Можам да потврдам дека министерот за надворешни работи Себастијан Курц навистина му забрани на турскиот министер за економија да влезе во земјата, велат од австриското Министерство за надворешни работи.
Од таму посочуваат дека, посетата на турски министер по повод учество на овие собири би претставувало „закана за јавниот ред и безбедноста во Австрија“.