Published: Wednesday, April 1, 2015 10:57
Турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз им подлегнал на повредите во болница откако беше застрелан со три куршуми во главата.
Во вчерашната заложничка драма Кираз беше заробен од припадници на забрането Левичарско движење.
Турските безбедносни сили велат акцијата на специјалците била оправдана во моментот кога започнале да влегуваат во зградата во која беше киднапиран обвинителот.
Шест часа преговори се водеа помеѓу киднаперите и полицијата пред обвинителот да се здобие со тешки повреди на кои подоцна им подлегнува.
Смртта на обвинителот ја потврдија и турскиот шеф на дипломатијата и премиерот Ахмет Давутоглу.




