Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим соопшти дека повлекол вкупно 1.500 тужби за навреди и клевети против опозиционери, новинари и писатели.
Во интервју за телевизијата СNN Турк, Јилдирим изјави дека тужбите за навреди и клевети насочени кон него или кон неговата функција, се повлечени уште во понеделникот.
– Ги повлекувам обвиненијата зошто сум решен соработката со опозицијата да продолжи и да се зајакнува. Проблемите можеме да ги решиме низ дијалог. Оваа земја ни припаѓа на сите нас – рече премиерот.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган исто така најави сличен гест кон опозицијата, за да покаже добра волја во однос на затоплување на односите по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.