Властите во Турција го забранија одржувањето на геј парада во Истанбул, образложувајќи дека се работи за безбедносни причини, особено по нападот од минатата недела во геј клубот во американски Орландо, кога беа убиени 49 луѓе а ранети 53.
Борците за човекови права и геј активистите на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од одлуката.
На парадата во Истанбул неколку години учество земаат повеќе десетици илјади луѓе, и е најголемата Парада на гордоста во муслиманскиот свет.
Во 2013 година беше проценето дека во поворката учествувале околу 100 илјади луѓе.
Екстремните десни групи, како Големата унија (BBP) и Здружението на младите муслимани од Анадолија, изминатите денови упатуваа закани за учесниците на годинешната парада која требаше да се одржи во рамките на манифестацијата Недела на гордоста од 20-ти до 26-ти јуни со главната поворка на главната истанбулска авенија Истикал, во близина на историскиот централен плоштад Таксим.




