Турција привремено им забрани на сите академици патување во странство, велат официјални претставници за Би-Би-Си.

Овој потег уследи по минатонеделниот неуспешен државен удар и доаѓа во време на широка чистка на државните службеници.

Повеќе од 50.000 лица се уапсени, отпуштени или суспендирани, вклучувајќи околу 21.000 наставници.
Претседател Реџеп Таип Ердоган ќе претседава на состаноците на неговиот Национален совет за безбедност и кабинетот во главниот град Анкара.

Тој за прв пат се појави во Анкара по обидот за државен удар во петокот.

Дописникот на Би-Би-Си во Анкара вели дека  состанокот ќе биде првата шанса на претседателот откога се случи обидот за државен удар да седне и да зборува во лице со сите клучни членови на Владата и вооружените сили.

Задачата на Ердоган е повторно воведување стабилност во услови на криза, јавуваат дописниците, и да ја  увери Турција и нејзините сојузници во странство и дека не станува збор за лов на вештерки против неговите многубројни  критичари.

Досега од околу 1.577 универзитетски декани  беше побарано да поднесат оставка, на 21.000 учители, наставници и професори и 15.000 претставници на Министерството за образование веќе им е наложено да ги напуштат работните места.