Published: Thursday, February 9, 2017 13:27
Турската државна агенција Анадолу јави дека турската полиција уапсила четорица осомничени кои наводно планирале „сензационален“ напад.
Четворицата наводно се припадници на Исламската држава, јави АП.
Во рацијата во Газиантепе, во близина на границата со Сирија, полицијата запленила 24 појаси за самоубиствени напади на кои имало 150 килограми експлозив, две автоматски пушки и друг материјал.
Полицијата досега не објави од која земја потекнуваат уапсените.




