Published: Tuesday, August 9, 2016 12:19
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг денеска изјави дека досега официјално се уапсени 16 илјади луѓе во врска со обидот за пуч во земјата и дека тие се наоѓаат во затвор.
Ито така тој дополни дека уште 6 илјади се приведени за кои се уште нема обвиненија.
Во интервју за државната агенција Анадолија тој рече дека под истрага се уште 7.668 луѓе, но тие не се во притвор.
По обидот за пуч во Турција беа уапсени или суспендирани десетици илјади вработени во правосудството, војкста, полицијата и другите јавни служби.




