Турскиот Парламент денеска и изгласа доверба на новата Влада, пренесува ТАСС.
Новиот владин кабинет беше формиран на 24 мај од Бинали Јилдерим, само два дена откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го ополномошти да го состави списокот со нови министри.
Премиерот Јилдерим, кој е и нов лидер на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП), направи промени во кабинетот на својот претходник, Ахмет Давутоглу.
Јилдерим смени 11 министри и 2 вицепремиери. Премиерот во кабинетот го врати министерот за економија Нихат Зејбекчи, кој оваа функција ја извршуваше до изборите минатата година и го остави Мехмет Шимшек за вицепремиер за економска политика. Функцијата министер за ЕУ ја презеде Чомер Челик, поранешен министер за култура и портпарол на АКП.
Според аналитичарите новата Влада и новиот премиер се многу поблиски до политиката на Ердоган, отколку што тоа беше кабинетот на Давутоглу. Новиот премиер ги посочи борбата со тероризмот и донесувањето на новиот Устав како примарни за премин кон претседателски систем на владеење или можност претседателот да ги задржи своите партиски надлежности.