Турската влада го повлече предлог-законот според кој, пресудата за сексуално злоставување на деца би била поништена доколку злоставувачот се ожени со малолетната жртва.
Како што изјави премиерот Бинали Јилдирим законот за кој требаше да се гласа денеска е повлечен за дополнителни консултации.
Предлогот кој според критичарите требаше да го легитимира бракот со деца, наиде на жестоки проитивења и во земјата и надвор. На протестите се носеа и плакати на кои пишуваше: „Силувањето е злосторство против човештвото“ и „АКП тргни ги рацете од нашите деца“
Предлогот на исламско-конзервативната партија АКП, предвидуваше казната да може да се укине доколку сторителот на кривичното дело стапи во брак со жртвата, доколку сексуалното злоставување се случило пред 16 ноември годинава и доколку при сексуално злоставување не било употребено насилство.
Околу 730.000 луѓе потпишаа онлајн-петиција против законот, а во текот на изминатиот викенд во Истанбул имаше и протести. На протестите имаше плакати на кои пишуваше: „Силувањето е злосторство против човештвото“ и „АКП тргни ги рацете од нашите деца“
Со законот ќе беа зафатени околу 3000 лица. Во Турција се забранети бракови на лица под 18 години, но може да се направи исклучок доколку за бракот дозвола издаде суд. Турската влада тврди дека со законот ќе се решат правните проблеми во случаите со детските бракови.
Според УНИЦЕФ, законот ќе овозможеше „еден вид амнестија за извршители на сексуални кривични дела“. Некои европски политичари побараа замрзнување на преговорите со Турција за приклучување во Унијата. Причина, меѓу другото, е и планираното повторно воведување на смртната казна во Турција.




