Published: Tuesday, September 13, 2016 10:18
Турција упати и официјално барање до САД за апсење на имамот Фетула Ѓулен за обвинувањето дека го организирал неуспешниот пуч во Турција на 15 јули, објави турската телевизија НТВ.
Ѓулен кој долги години живее во САД ги негира обвинувањата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Барак Обама за ова прашање разговараа на самитот Г20 минатата недела во Кина.
Висок официјален претставник на американската администрација изјави тогаш дека Обама му пренел на Ердоган дека САД ќе донесат правна, а не политичка одлука.




