Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 166 луѓе, вклучувајќи и полициски функционери, објавија државните медиуми.
Истрагата прво беше фокусирана на началниците на полициските управи во Истанбул, но потоа се проширила на 35 провинции, а на мета најмногу се оние ги користеле малку позната апликација за праќање пораки на смартфоните познати како Бајлок, објави државната агеција Анадолија.
Од средината на јули кога се случи обидот за пуч досега уапсени се 32.000 луѓе кои ги чека судење, додека околу 100.000 вработени во јавниот сектор вклучувајќи и универзитетски профсори, високо воени и полициски фунцкионери се суспендирани од работа.
Анкара за пучот го обвинува поранешниот имам Фетула Ѓулен, иако тој тоа го отфрла. Турција побара и официјално од САД да го испорачаат Ѓулен.
Висок турски функционер во август изјави дека турската разузнавака агенција идетификувала најмалку 56.000 оперативци во мрежата на Ѓулен, врз основа на апликацијата која групата почнала да ја користи во 2014 година.




