Published: Friday, December 9, 2016 10:08
Обвинителството на Турција издаде налози за апсење на 87 лица поврзани со Универзитетот во Истанбул во рамките на истрагата на чија мета се следбеници на имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот воен пуч во јуни годинава, објавуваат денеска турските медиуми.
Полицијата истовремено спровела рации во 12 провинции, јави турската телевизија Си Ен Е турк, додавајќи дека меѓу осомничените е и лидерот на една помала политичка партија и многу универзитетски професори.
Околу 360.000 луѓе се наоѓаат во притвор чекајќи судење, а 100.000 се отпуштени или суспендирани од работа во јавниот сектор, војската, судството и други институции во рамки на истрагата за пушот од 15 јули, во кој околу 240 луѓе беа убиени.




