Published: Friday, September 2, 2016 12:19
Турските власти досега ослободиле 33.838 лица од затворите за да се обезбеди место за десетина илјади осомничени за неодамнешниот неуспешен пуч, соопшти турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
На прес конференција Боздаг рече дека од затворите се ослободуваат притвореници, главно вработени во јавните институции.
Во Турција досега се отпуштени од работа околу 80.000 вработени во јавниот сектор, а голем дел се приведени на сослушување по што им е одреден притвор.




