Турција и се закани на ЕУ дека ќе ја суспендира спогодбата за бегалците и пред крајот на оваа година, доколку Брисел не го исполни барањето на Анкара да ги укине визите за турските државјани.
-Нашето трпение се ближи кон крај, изјави турскиот министер за надворени работи Мевлут Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник Ное цирхер цајтунг.
-Чекаме одговор от ЕУ овие денови. Доколку не стигне ќе ја откажеме спогодбата, вели тој.
Турција според него реагирала на барањата на Брисел и ги поготви измените на законот за борбата против тероризмот, што ЕУ ги постави како еден од критериумите за визна либерализација.
На прашањето, кога тоа би можело да се случи Чавушоглу вели дека Турција веќе го споменала октомвrи како рок, но дададе дека нема да чекаат до крајот на годината.




