Published: Friday, September 9, 2016 09:24
Турските власти суспендираа над 10.000 наставници за кои се сомневаат дека се поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан, соопшти турски официјален извор.
– Овие поединци се привремено суспендирани или се на платено отсуство се додека не биде објавена официјална истрага, изјави неименуваниот турски функционер за АФП.
Државната агенција Анадолија објави дека вкупно се супендирани 11.500 наставници за кои турското Министерство за образвание смена дека се занимавале со активности на „давање поддршка на епаратистичката терористичка организација и нејзините ограноци“.
Анкара и западните сојузници ја сметаат ПКК за терористичка група. Оваа партија веќе три децении води бунт против турската држава за правата на Курдите.




