Во девет турски провинции приведени се околу 100 луѓе утрово во полициска акција која се уште трае. Според Анадолија, налог за апсење е издаден против 140 луѓе одомничени дека се припадници на движењето на најголемиот опонент на Реџеп Таип Ердоган, Фетула Гилен.
Помеѓу нив се и бизнисмени и банкари во „Асиа“, една од водечките турски банки која од минатата година е под владина контрола.
Според државните обвинители, приведените се сомничат за финансирање на Гилен од 2004 до 2015 година, кои му обезбедиле околу 15 милиони евра.
Според претседателот Ердоган, некогашниот негов близок соработник Фетула Гилен градел паралелна држава со намера да го тргне од власт.