Деветмина турски пратеници од прокурдската Народна демократска партија утрово се задржани во притовор бидејќи одбиле да сведочат за злосторствата поврзани со терористичката пропаганда, соопштија нивните адвокати.
Од исти причини во притвор се задржани и двајцата лидери на партијата Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, чии домови во Дијарбакир биле претресувани од турската полиција.
Турција ја обвинува Партијата за поврзаност со курдската милитантна органзиација Работничка партија на Курдистан, која САД, ЕУ и Турција ја сметаат за терористичка организација.
Во Дијарбакир, град во кој живее доминантно курдско население, утрово се случила експлозија во близина на полициската станица, во која најмалку едно лице загина, а 30 се ранети. Турскиот министер за правда Беир Боздат изјави дека меѓу загинатите има и цивили и полицајци но не го кажа нивниот број.
Според локалните власти се работи за автомобил бомба и дека зад нападот стои Курдската работничка партија.
Веднаш по апсењата во Турција е блокиран пристапот до социјалните мрежи Твитер и Вотсап.





