Published: Sunday, October 9, 2016 13:55
Седумнаест луѓе загинаа, а 27 се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на веон пункт на југоистокот на Турција.
Како што пренесе Ројтерс експлозијата се случила кај градот Шемдинли, во планинскиот дел на округот Хакари, недалеку од границата со Ирак и Иран, каде што се активни припадниците на Курдската работничка партија (ПКК).
Гувернерот на округот изјави дека меѓу загинатите се девет војници, додека меѓу повредените, 11 се припадници на воените сили.
Ројтерс објави дека до експлозијата дошло кога автомобилот бомба се забил во воениот пункт.
Турската војска претходно во соопштение кое го пренесе државната агенција Анадолија наведе дека нападот го извршиле припадници на ПКК.




