Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск до лидерите на ЕУ: Не ја користете миграцијата за политички поени

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 19, 2018 18:01

Дојде време да најдеме решение за европската главоболка со миграцијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порачувајќи им притоа на лидерите на земјите членки на ЕУ да престанат да го користат прашањето со миграцијата за политички поени.

– Вечерва ќе ги повикам лидерите да престанат со играта на обвинувња за врска со миграцијата. Повеќе не можеме да се делиме на оние што сакаат да се реши проблемот со илегалниот мигрантски прилив и на оние, кои ова прашање сакаат да го користат за добивање политички поени, изјави Туск пред почеткот на Самитот на ЕУ, што денеска и утре се одржува во австрискиот град Салцбург.

Како што јави ДПА, Туск им порача на лидерите на земјите членки на ЕУ конечно да се зафатат со решавање на проблемот со миграцијата.

Иако во текот на годинава бројот на мигранти што простигнаа во државите во Јужна Европа е помал во споредба со претходните неоколку години, последниве месеци прашањето со миграцијата одново се најде на врвот на агендата на ЕУ.

Италија, Австрија и уште неколку земји од Централна Европа сметаат дека единствен начин за запирање на илегалната миграција е зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ, но во исто време дел од нив се противат на своја територија да примат баратели на азил што влегле во Унијата.

Претходно денеска, австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, изјави дека неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Грција, Италија и Шпанија, се скептични кон идејата за проширување на мандатот на Европската агенција за контрола на границите – Фронтекс.

Европската комисија предложи бројот на припадниците на Фронтекс до 2020 година да се зголеми до 10.000, при шпо тие би имале поголеми овластувања во контролата на надворешните гранции на ЕУ, со цел да се спречи приливот на мигранти.

– Земјите од Јужна Европа можеби и не се особено незадоволни затоа што многу од мигрантите би можеле да го продолжат својот пат кон Централна Европа, рече Курц, додавајќи дека многу од овие држави „поради недостиг на средства или негрижа“ им дозволуваат на мигрантите да ја напуштат нивната територија без да бидат регистрирани дека влегле во ЕУ.

Главни иницијатори на реформите на Фронтекс се Германија и Франција, кои на Самитот во Салцбург ќе се обидат да ги убедат останатите членки на Унијата да се согласат со предлозите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.