Published: Tuesday, October 6, 2015 13:25
Првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави дека Турција ја предупредила Европската унија за можноста уште три милиони бегалци да ја напуштат Сирија.
Во Турција се наоѓаат околу два милиона бегалци од Сирија, додека десетици илјади оваа година преку Грција влегоа во ЕУ.
Туск пред Европарламентот рекол дека „според турските проценки, уште три милиони бегалци би можеле да пристигнат од Алепо и околината“.
– Милиони потенцијални бегалци и мигранти сонуваат за Европа. Светот околу нас нема намера да и помогне на Европа, рекол Туск, додавајќи дека некои соседи на Унијата, со задоволство гледале проблемите во Унијата.




