Published: Tuesday, September 8, 2015 17:04
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека бегалската криза, која е дел од егзодусот на луѓето од војните во нивните земји би можела да трае со години.
– Актуелниот бран мигранти не е единечен случај, туку почеток на вистински егзодус, што значи дека ќе мораме да се носиме со тој проблем уште многу години. Поради тоа важно е да научиме да живееме со тој проблем без да се обвинуваме едни други. Не треба да негуваме илузии дека постои лесно решение ситуацијата да се врати на старо, рече Туск во говорот во бриселскиот институт „Бројгел“, пренесува Танјуг.
Туск вели членките на ЕУ мораат на страна да ги остават своите длабоки несогласувања и да се соочат со бранот бегалци.




