Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тутунарите револтирани: Откупот е бавен, цената ниска, тутунот скапува

0
By Нова ТВ on January 18, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 18, 2014 16:03


Просечната цена по која се откупува тутунот е за 30 отсто пониска од лани, откупувачите не откупуваат тутун како прва класа, а и откупот се врши премногу бавно, поради што тутунот ќе ни скапе.

Членовите на Регионалниот сојуз на земјоделци „Клас“ повикаа да се повлечат претставниците на Сојузот на тутунски здруженија од откупните пунктови во знак на револт.

„За откупувачите на тутун веќе не постои прва категорија на тутун. Го повикуваме Сојузот на тутунски здруженија да реагира на оваа состојба, зато што ние како регионален сојуз утврдивме дека сепак се откупува тутунот со пониска откупна цена. Дколку има можност, а има можност, заедно со инспекторатот на земјоделие можат да ги повлечат поверениците, со тоа да се искаже и нивното незадоволство за просечната откупна цена“, рече Перо Стојкоски од „Клас“.

Тој порача дека производителите бараат регуларни цени и бараат откупот да се врши според мострите. Стојкоски рече и дека ако продолжи откупот со толку бавно темпо, тутунарите поради немање соодветни услови не ќе може правинот да го чуваат тутунот после 15 март, поради што ќе се јави калирање, загуба на квалитетот, а може да останат и без субвенции поради пробивањето на роковите за откуп.

ВМРО-ДПМНЕ го уништи Тутунски Комбинат! Тутунарите очекуваат маката и трудот, чесно да им бидат платени, бараат вистинска цена и класа за својот тутун, но продолжуваат да се жалат на лош откуп, ниска цена и манипулација со класите тутун, изјави пратеникот Горан Сугарески од СДСМ, на денешната прес-конференција пред затворените врати за откуп од Тутунски комбинат во Прилеп.

Сугаревски ги повтори веќе поставените, но неодговорени прашања, до Владата, дали е точно дека таа продава цигари под цена на чинење и дали е тоа една од причините за над 70-те милиони евра загуби, и која е вистината за стопирањето на откупот?

– Немате финансиски средства, или пак, имате залиха на непродаден тутун од минатата реколта? Повторно не добив одговор! Нашите сознанија говорат дека во магацините на Комбинатот има околу 650 тони заостанат, непродаден тутун од ланската реколта. Или,тоа би значело, околу 2 милиона евра врзани пари. Дали е ова точно? – прашува пратеникот.

Ако е така, додаде тој, тогаш пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески и Груевски, ги лажат прилепчани.

– Дамески кажа на Комисијата за земјоделство, дека прилепскиот Тутунски комбинат нема залихи. Г-дине Дерменџиев, ако е точно дека немате обезбедно пари за продолжување на откупот, за таквиот скандал, незапамтен во историјата на Комбинатот, треба веднаш да си поднесете оставка Вие и целиот менаџерски тим, поставени и назначени директно од Владата на ВМРО-ДПМНЕ – посочува Сугаревски.

На новинарското прашање што опозицијата и предлага на Владата за подобрување на откупот на тутунот, пратеникот одоговори дека опозицијата понудила примена на три заклучоци, но биле одбиени од Владата.

– Побаравме од Владата да му наложи на Министерството за земјоделие и на инспекторатот за земјоделство да ги засили сите контроли, согласно законот за тутун, како прв заклучот. Вториот заклучок е Владата веднаш да ги испрати инспекторите на терен, постојано да бидат на терен и да гарантира Владата дека ќе биде исполнет законскиот рок до 15 Март кога треба да заврши откупот со тутунот, со препорака цената да не биде пониска од ланската од 182 денари за килограм тутун. Третиот заклучок беше целиот вишок на тутун, кој најверојатно ќе се појави после 15 Март, да го откупи Тутунскиот Комбинат во Прилеп. Но сите три заклучоци беа одбиени – заврши пратеникот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.