Твитер избриша неколку илјади налози заради ширење лажни информации, соопшти социјалната мрежа.

Во извештајот се наведува дека отстранетите налози се од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет, Шпанија и Еквадор, покрај минатомесечните 200.000 отстранети од Кина.

Од избришаните налози од Обединетите Арапски Емирати, 4258 биле лажни и ширеле лажни информации за војната во Јемен, а 267 биле заеднички египетско-емирски налози, вклучени во кампања за дезинформација против Катар и други земји, како што е Иран. Овие заеднички налози биле создадени и управувани од технолошката компанија „Дот Дев“ со седиште во Египет и Обединетите Арапски Емирати и исто така шири пораки и за поддршка на саудиската влада.

Затворени се и 259 лажни профили на Народната партија. Во Еквадор се отранети 1019 налози, поврзани со владејачката политичка коалиција.