При креирање на профил на социјалните мрежи, најчесто правилата не се читаат и се притиска „Прифаќам“ а токму таму е запишано кои правила корисникот не смее да ги прекрши.
Но се чини не и за претседателот на САД, Доналд Трам кој Твитер често го употребува за разни цели, но неговиот последен скандал е видеото во кое тој ја нокаутира глобалната информативна мреж Си-Ен-Ен.
Според одредени медиуми, Твитер добил голем број на пријави за профилот на Трамп да биде укинат бидејќи промовирал насилство како и прекршување на слободата на говор, омаловажувајќи го Си-Ен-Ен.
Сепак, според Џеки Вотлс од Си-Ен-Ен, Твитер утврдил дека американскиот претседател не ги прекршил правилата.
– Твитер одлучувал според три правила: политичкиот контекст на твитот, различните начини на кои би можел истиот да се интерпретира и недостатокот од детали, образложува таа.
Но ова според критичарите на Трамп е страв на Твитер да му се спротистави на Доналд Трамп кој расплага со најмоќната фотелја на светот.
Ова остава простор за Трамп да го користи Твитер како што тој мисли дека е најнормално, а во меѓувреме неговата борба со новинарите и медиумите продолжува, бидејќи тој важи за човек кој не прифаќа критика на своја сметка.




