Полицијата во Њу Џерси го уапси Ахмад Кан Рахами, американскиот државјанин роден во Авганистан, осомничен за предизвикување експлозија во Њујорк и Њу Џерси изминатиот викенд.
Рахами е уапсен во Линден во Њу Џерси по престрелка со полицијата. Ранет е во ногата но успеал да рани полицаец во раката и да погоди друг во панцирот.
Повредите кои Рахами и полицајците и здобиле не се опасни по живот.
Потрагата по Рахмани е завршена откако сопственик на еден локален бар видел човек како спие во автомобил и ја известил полицијата, соопшти градоначалникот на Линден.
Кога полицијата се приближила, Рахами почнал да пука.
Рахами е идентификуван како осомничен откако на една од експлозивните направи која не експлодирала е пронајден негов отисок од прст, изјави висок полициски службеник.
Полицијата потоа нашла уштре траги кои укажувале на Рајами, како на пример на мобилните телефони кои биле поврзани со бомбите.
Полицијата засега ги минимизира шпекулациите дека Рахами е дел од некоја келија и во овој момент не знае дали уште некој е вклучен, како ни тоа дали експлозиите имаат врска со тнр. Исламска држава.




