Амнести интернешнел соопшти дека турската полиција го уапсила директорот на организацијата во земјата Идил Есер заедно со други активисти за човекови права. Есер бил уапсен за време на работилница за дигитална безбедност и информирање која се одржувала на островот Бујукада во близина на Истанбул.
Организацијата побара негово ослободување, нарекувајќи дека се работи за гротескна злоупотреба на власта.
Турски медиуми јавија дека 12 лица биле упасени за време на полициска рација во еден хотел. Меѓу уапсените се седуммина активисти за човекови права, двајца инструктори, Германец и Швеќанец и сопственикот на хотелот, се вели во соопштението на Амнести.
Весникот Хуриет објави дека тие се приведени во полициска станица вчера, но не се знаат причините.




