Published: Wednesday, December 7, 2016 12:19
Боливиските власти го упасија директорот на авиокомпанијата Ламиа чиј авион минатата недела се урна во Колумбија, при што загинаа 71 лице, меѓу кои и речиси сите фудбалери од бразилскиот клуб Шапикоенсе.
Директорот Густаво Варгас и уште двајца службеници на болициската компанија се однесени пред обвинител во Санта Круз на сослушување во рамки на истрагата за несреќата.
Несреќата е предизвикана од тоа што авионот останал без гориво, што е спротивно на меѓународните стандарди.Шестмина преживејаа од кои тројца се фудбалери, еден новинар и двајца членови ан екипажот.




