Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен еден од најбараните нарко-босови во САД, Кинтеро

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 16, 2022 10:00

Кинтеро беше еден од тројцата основачи на моќниот картел Гвадалахара. Тој беше 28 години во затвор за убиството на поранешниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) Енрике Камарена.

Мексиканскиот нарко бос Рафаел Каро Кинтеро, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во северозападната држава Синалоа, соопшти мексиканската морнарица.

Кинтеро, за кој се претпоставува дека има 69 години, е обвинет за киднапирање, мачење и убиство на американски агент во 1985 година, а притворен е во градот Шоис.

Морнарицата соопшти дека Кинтерo бил пронајден во грмушки од специјално тренирано куче по име Макс. САД соопштија дека ќе бараат негова итна екстрадиција.

– Нема скривалиште за некој кој киднапира, мачи и убива член на американската полиција. Длабоко сме  благодарни на мексиканските власти за  пронаоѓањето и апсењето на Рафаел Каро Кинтеро – изјави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

Мексиканската морнарица соопшти и дека 14 нејзини членови загинале по пад на хеликоптер Black Hawk во градот Лос Мочис во Синалоа. Истрагата беше во тек, но нема индикации дека несреќата е поврзана со апсењето на Кинтеро.

Во меѓувреме, вишиот советник за Латинска Америка во Белата куќа, Хуан Гонзалес, твитна: „Ова е огромно“.

Кинтеро беше еден од тројцата основачи на моќниот картел Гвадалахара. Тој помина 28 години во затвор за убиството на поранешниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) Енрике Камарена.

Убиството ги затегна односите меѓу САД и Мексико во тоа време, а подоцна беше прикажано во серијата на „Нетфликс“ – „Наркос: Мексико“.

Во 2013 година, судот во Мексико ја намали 40-годишната затворска казна на Кинтеро и го ослободи, пресудувајќи дека требаше да му се суди пред државен, а не федерален суд. Пресудата подоцна беше поништена од Врховниот суд на земјата, но Кинтеро веќе се криеше.

Американските власти рекоа дека тој брзо се вратил на шверцот со дрога, а Вашингтон подоцна понуди награда од 20 милиони долари за секоја информација што ќе доведе до негово апсење.

Апсењето на Кинтеро е симболично важно, иако тој повеќе не се смета за главна фигура во меѓународната трговија со дрога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.