Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен еден од организаторите на терористичката група од Црна Гора

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 10:59

Еден од организаторите на групата осомничени дека подготувала терористички напади во Црна Гора, Александар Синѓелиќ е уапсен, пишуваат црногорските медиуми.

Според весникот „Вијести“ Синѓелиќ е во затвор во Подгорица под сомнителни околности, додека „Дневне новине“ истакнуваат дека тој „во најголема тајност“ е уапсен пред два дена во Белград и во довните вечерни часови „под специјални мерки на безбедност, со хеликоптер на црногорските државни органи е донесен во Подгорица“.

„Вијести“ меѓутоа цитираат соговорник од Заводот за извршување кривични санкции според кого „никој официјално не се огласил“ во врска со апсењето и затоа „најверојатно се работи за договор меѓу него и оние кои раководат со истрагата“.

– Доколку е уапсен во Србија не би можел толку експресно да биде испорачан во Црна Гора, туку најверојатно сам би дошол по договорот со признание да ги „засили“ доказите на Обвинителството, вели соговорникот за Вијести.

Синѓелиќ заедно со пензионираниот генерал, бившиот шеф на српската Жандармерија Братислав Дикиќ, се осомничени за обид за терористички напад во Црна Гора во текот на изборниот ден на 16 октомври.

Тој пред неколку дена бил недостапен на надлежните органи, но според пишувањето на медиумите, се огласи преку порталот „Србија Денес“ и рече дека не е во бегство, туку дека се наожа во Белград, и дека во Црна Гора не бил од 2002. година.

Медиумите во Подгорица претходно објавија дека тој минатата недела е сослушан во Белград по налог на црногорскиот специјален обвинител.

Од уапсените 20 државјани на Србија, 14 се во затвор во Подгорица, а шестмина се пуштени на слобода. Синѓелиќ заедно со Дикиќ и Кристина Христиќ е осомничен за „тероризам во обид“, додека останатите се осомничени за организирање на криминална група.

Според Обвинителството, една од целите на оваа група била и атентат врз црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

“Постои основано сомнение дека на почетокот на октомври во Србија и Црна Гора е формирана криминална организација со цел да влијае на законодавната и извршната власт во Црна Гора. Постои сомневање дека планот на оваа организација е во текот на прогласувањето на изборните резултати со употреба на оружје, да ги нападнат граѓаните собрани пред Собранието на Црна Гора и службениците да полицијата и потоа да го завземат Собранието со намера да прогласат изборна победа на некои политички партии”, вели соопштението на обвинителството.

“Исто така посто сомнение дека планот на криминалната организација бил да го лиши од слобода премиерот на Црна Гора”, вели соопштението.

Српскиот премиер Александар Вучиќ денес изјави дека нема информации за ова апсење. Но, тој смета дека е “чудно што тоа се случува токму денес и тоа е се што можам да кажам”, рече Вучиќ.

Односите помеѓу Белград и Подгорица од време на време се тензични откако Црна Гора прогласи независност во 2006 година. Земјата исто така го призна Косов во 2008 година што предизвика големо разочарување во Србија кога, меѓу другото, не сака да стане членка на НАТО.

Славко Стојановиќ, шеф на црногорската полиција, изјави дека лицата биле уапсени во ноќта пред изборите а полицијата трага по уште едно лице.

Овие лица “ се осомничени дека стасале во Црна Гора со намера да земат оружје и извршат напади во ноќта по изборите против институциите, полицијата и претставниците на државните органи. Ние не исклучуваме ниту напади врз високи функционери на државата”, вели соопштението на полицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.