Published: Wednesday, April 12, 2017 17:25
Германската полиција уапсила еден од двајцата осомничени осомничени за вчерашната експлозија во Дортмунд, соопшти денеска германското обвинителство, јави Мета.
Во писмото кое е пронајдено на местото нападот се бара повлекување на германските авиони од Турција и затворање на американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.
Трите експлозии се случиле во близина на автобус со фудбалерите на „Борусија Дортмунд“, но ниту еден од нив нема потешки повреди бидејќи автобусот бил блиндиран.
Главната обвинителка, Фрауке Келер, потврди дека се истражува можната „терористичка врска“.
“Двајцата осомничени се од исламски движења и истрагата на нив се фокусира. Становите на двајцата се претресени и еден од нив е задржан во притвор”, наведе Келер.




