Фејсал Шефу е уапсен вчера во Брисел и тој е човекот со “шапка” на сликата од бриселскиот аеродром на која се гледаат тројца луѓе од кои едниот се разнесе на аеродромот а другиот во метрото. Шефу оставил куфер со експлозив и излегол од аеродромот пред експлозијата.
Шефу беше идентификуван по сведочењето на таксистот кој ги возел тројцата терористите на аеродром. Шоферот на таксито во полицијата визуелно го идентификувал Шефу.
Обвинителството го обвини денес за терористички убиства.
Шефу е фриленс новинар и живее во Брисел. Полицијата го имала повеќе месеци на радарот.
Тој често доаѓал во паркот Максмилен во близина на Бирото за странци каде што летово кампуваа бегалците. Шефу се обидувал на регрутира бегалци а белгиските медиуми денес објавуваа видео на Шефу пред центарот за прием на бегалци во кое тој ја обвинува Белгија дека им дава храна на бегалците преку ден во период на муслиманскиот пост а навачер ги остава гладни.
Градоначалникот на Брисел вели дека повеќе пати ја информирал правдата дека човекот е можеби опасен и дека повеќе пати бил административно приведен поради обид за регрутирање на бегалци и лицата без документи во Брисел.
Според градоначалникот Иван Мајер, обвинителството не ги прифатило барањата на Мајер кој потоа издал административна наредба со која му се забранувал пристап на Шефу во паркот со бегалците.




